„Гратисите одат во историјата“: КК Пелистер ги пушти во продажба сезонските билети

38
фото: КК Пелистер Битола (FB)

Кошаркарскиот клуб Пелистер денеска информираше дека ги пушта во продажба сезонските билети за 2025/26, во која клубот ќе се натпреварува во домашното првенство, но и ќе дебитира на европската сцена во рамките на групната фаза од ФИБА Европа Купот.

Цената на сезонските билети изнесува 4.000 денари и со нив ќе можат да се следат сите домашни средби на КК Пелистер од почетокот до крајот на сезоната, во Супер-лигата, плејофот и во ФИБА Европа Купот.

Воедно, најбрзите 100 навивачи кои ќе купат сезонски билети, ќе добијат и подарок – маица од КК Пелистер.
Премиерниот меч на домашен терен Пелистер ќе го одигра в петок против екипата на Чаир, а сезонските билети ќе можат да се купат во билетарата на салата „Боро Чурлевски“ пред почетокот на овој натпревар. Билети исто така ќе можат да се набават во тобако “ZIKS” спроти гроздот започнувајки од Петок.
Индивидуалните билети за суперлигашките натпревари ќе бидат по цена од 150 денари по натпревар.
Управата објави дека праксата за делење гратис билети повеќе нема да се применува.
„Гратисите заминуваат во историјата, но љубовта меѓу КК Пелистер и битолчани е посилна од било кога“, порачаа од клубот.
ПретходноАко настапи против Македонија, Витсел ќе урне рекорд стар еден век
СледноОгњен Радојичиќ повторно дел од МРК Куманово