Реал Мадрид ја започна новата сезона многу добро. „Кралевите“ се први на табелата во Ла Лига и имаат 100% учинок по два натпревари во Лигата на шампионите.
Тимот предводен од Чаби Алонсо е полн со ѕвезди. Иако засега сè функционира доста добро, има играчи кои едноставно не можат да функционираат кога се заедно на теренот.
Аналитичарот Алваро Бенито тврди дека Реал не може да игра офанзивен фудбал кога Арда Ѓулер и Џуд Белингам се заедно на теренот. Тој наведува дека ова е сериозен проблем за Алонсо.
Арда ја започна новата сезона доста добро. Чаби Алонсо му верува, па во 10 настапи, ако ги исклучиме натпреварите на Светското клупско првенство, Турчинот постигна учинок од три гола и четири асистенции во 10 настапи.
Од друга страна, Белингам влезе во сезоната со повреда. Одигра пет натпревари и беше неефикасен. Најчесто добиваше шанси од клупата.
Лошата форма влијаеше и на националниот тим. Селекторот на Англија, Томас Тухел, не го повика за квалификациите за Светското првенство и токму таму 22-годишникот претрпе уште еден сериозен удар.
Белингам е оној кого Чаби Алонсо засега го остава на клупата. Англичанецот едноставно не ги исполнува барањата на тренерот на Реал и ова дури може да доведе до продажба следното лето.
Да се потсетиме дека брилијантниот играч за врска пристигна во Реал во летото 2023 година од Борусија Дортмунд за речиси 130 милиони евра и играше извонредно под водство на Карло Анчелоти.