ГРК Охрид со Радовиш се загреваше за ЕХФ Европскиот Куп

29
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Екипата на ГРК Охрид дојде до планираните бодови против Радовиш во првиот меч од седмото коло во Супер-лигата, откако на домашен терен славеше со 35-17. За охриѓани ова беше четврта победа, имаат едно реми и два порази. На другата страна гостите остануваат последни без ниту еден бод.

Петриќ и Ѓукиќ со по шест гола беа први стрелци кај победникот, исто број на голови на другата страна имаше Каковски.

Ракометарите на ГРК Охрид на одморот имаа предност од 16-11, па до крајот ја имаше рутинската задача.

Охриѓани целосно се вртат кон ЕХФ Европскиот Куп, каде на 11. и 12 играат против Баки во рамките на второто коло од ова натпреварување, кое пак минатата сезона го освои Алкалоид.

ПретходноСелекторот на Белгија се двоуми: Кој место Лукаку против Македонија?
СледноМеч за заборав: Висла со убедлива лекција за Пелистер