Неверојатно: Сан Марино ќе мора да загуби со што поголема разлика за да се најде во бараж за СП 2026!

162
ФОТО: San Marino Fútbol/FB

И тоа го има во фудбалот, и тоа го со новите правила на УЕФА врзани за овие квалификации и оние од Лигата на Нации. Толку се проблематични што сега има навистина бизарен случај.

Имено селекцијата на Сан Марино на мечот со Романија ќе треба да загуби со што поголема разлика за да се најде или да има шанси да игра во бараж за Мундијалот.

Како?

Прво мора Романија и Шведска да завршат на првите две места во своите групи за СП.

Сан Марино како победник во групата Д и се промовира во групата Ц во Лигата на Нации и треба пораз и тоа убедлив, односно да и помогне на Романија да заврши во групата најмалку на втората позиција, за да може самата секлекција на Сан Марино, како еден од победниците во ЛН да дојде до плеј – оф.

Делува сложено и замрсено, но такви се правилата на УЕФА, во некои случаево и бизарни.

ПретходноВечерва во Гент: Столе го минува Стефан, Алекс ита кон “стотката“!
СледноМакедонија со пресврт ја совлада Ерменија во Битола (ВИДЕО)