Ал Ахли му понудил 300 милиони фунти на Реал за Винисиус?

56
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Саудискиот тим Ал Ахли започнал преговори со Реал Мадрид за Винисиус Жуниор, јавуваат извори блиски до саудискиот клуб.

Според информациите саудискиот клуб има намера да понуди 300 милиони фунти за Бразилецот доколку понудата на Реал Мадрид за нов договор на Бразилецот биде одбиена од него и неговите агенти.

Продажбата на Винисиус би можела да се случи ова лето. Актуелниот договор на Винисиус со Реал Мадрид важи до 2027 година.

ПретходноАлбанија ја шокираше Србија во Лесковац, Турција ја „размонтира“ Бугарија во Софија (ВИДЕО)
СледноПикси понуди оставка, Србија веќе ја одбра неговата замена