Албанскиот селектор направи лудница во соблекувалната (ВИДЕО)

493
Фото: Screenshot: X

Албанија ја победи Србија со 1-0 во Лесковац во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. Херој на гостинскиот тим беше Реј Манај, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во судиското продолжение на првото полувреме. По натпреварот, селекторот Силвињо се обиде да одржи говор во соблекувалната, но радосните играчи едвај чекаа да заврши и го прекинаа славејќи голема победа.

 

Албанија има четири бода предност пред Србија и натпревар помалку. Српските навивачи имаат многу причини да бидат незадоволни, откако беа декласирани од Англија во Белград, сега Албанија целосно ја заслужува победата.

ПретходноВо Србија владее хаос, пресврт околку наследникот на Пикси
СледноПикси ти благодариме, Србија и официјално доби нов селектор!