Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра последниот дуел на домашен терен од тековната Мундијалска кампања. Противникот е репрезентацијата на Казахстан.
Билети за натпреварот можат да се набават секако онлајн, но од Фудбалската Федерација на Македонија предмалку инфорираа дека на денот на натпреварот, поточно утре, билети ќе можат да се набават и на билетарата на Арената Тодор Проески.