Македонија У19 со екстра триумф над Црна Гора од 2:4 (ВИДЕО)

285

Македонската репрезентација до 19. години на чело со селекторот Еркан Селими предмалку на вториот пријателски дуел против соодвената селекција на Црна Гора на гостински терен, успеа да слави со одлични 2:4.

Во дуел во кој имавме далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири гола, доминираше и заслужено се радуваше на овој екстра триумф.

Серијата погодоци за нас ја отвори играчот на Вардар, Емир Шаботиќ во првото полувреме, а откако домаќинот израмни, од пенал повторно ни донесе водство, членот на Црвена Звезда, Горазд Ристовски. Ново водство, откако Црна Гора израмни на 2:2, ни донесе Адмир Љатифи, на катастрофалната грешка на домашниот голман, а истиот играч со прекрасен соло продор и удар го постави конечниот резултат.

Да споменеме дека првиот дуел заврши без голови 0:0.

youtube.com/watch?feature=shared&v=I4itrpDNou8

 

ПретходноБилети за Македонија – Казахстан на билетарата на „Арената“ на денот на натпревар
СледноБеласица потврди, Стојанов повеќе не е тренер