Почина поранешниот селектор Илија Темелковски

155

Ракометната федерација на Македонија предмалку ја објави веста дека денеска на 72. годишна возраст почина поранешниот селектор на македонската машка ракометна репрезентација Илија Темелковски.

„Почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот.
Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела)
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија“ – стои во објавата на Ракоментата Федерација на Македонија.
Илија Темелковски важеше за еден од најдобрите македонски ракометни стратези кој што ја предводеше Македонија до единаесеттото место на Мундијалот одржан во Хрватска.
Беше дел и од нашите младински селекции под чие водство беа освоени шесто место на СП во 2017 година во Алжир, и четвртото место на ЕП 2002.

 

ПретходноБитолчани веројатно срушија рекорд: Билетите за Е.Пелистер – Барселона распродадени за осум минути
СледноОфицијално: Младен Крсманчиќ е нов ракометар на ГРК Охрид! (ФОТО)