Т.Пролет и официјално ја заврши својата европска авантура. За разлика од првиот дуел против шпанскиот тим на кој беше убедливо совладан со 36-21, избраниците на Андон Бошковски денеска одиграа подобар меч.
На крајот се простија со победа, на реваншот против Грањолерс во рамките на квалификациите во Европската лига славеа со 27-29.
Домаќинот беше опуштен, поради позитивата од 16 гола разлика од првиот меч. Дрежеше ритам во првото полувреме, во кое имаше предност од пет гола (13-8), на полувремето само два (14-12), а потоа на сцена настапи македонскиот тим.
Пролет со серија од 5-0 поведе со 20-23, а потоа и со највисоки 21-26. До крајот успеа да го задржи водството и да дојде до триумф.
Аларов со седум гола од осум обиди беше прв стрелец, по четири гола имаа Палевски, Џонов, Пецаковски и Голубовиќ.