Македонија е во „игра“ за пласман на Мундијалот следното лето. Останува само да видиме како ќе изгледа завршницата во групата Ј, и дали, ако имаме среќа ќе се пласираме диртектно или ќе мораме преку бараж.
Инаку познато е дека за првпат на ова СП ќе учествуваат 48 селекции, и за првпат ќе се одиграат 104 натпревари во тие 40 денови колку што ќе трае Мундијалот и тоа од 11 јуни до 19 јули.
Она што најмногу е интересно е тоа што е поврзано со сатницата, односно во кое време се играат мечевите.
Па така сега е познато дека натпреварите во групи, ќе почнуваат во четири термини.
И тоа од 18 часот, од 21 часот, од 24 часот или на полноќ и во рано утрината во 03 часот по македонско време.
Нека се пласира Македонија на СП, па сеедно ќе биде кога ќе ја гледаме, во кој термин.