Македонија вечерва на Арената во Скопје одигра 1:1. Во првиот дел не блескавме, во продолжение од мечот и тоа како се поправививме, имавме и шанси за победа, но не успеавме.
По мечот свој коментар имаше играчот за врска на нашата селекција Тихо Костадинов:
“Тежок меч, на кој ете не успеавме да го постгинеме тој втор гол. Имавме шанси, но не успевме. Штета што со победа вечерва не го потврдивме тој бод во Гент. Нема назад, одиме натаму. Имаме уште еден натпревар во групата и секако дека трена максимално подготвени во Велс. Како да не држеше тој замор од Белгија во првиот дел. Во второто покувреме сменивме формација, тргнавме поофанзивно и похрабро. Токму затоа и создадовме неколку шанси. За жал примивме несреќен гол, израмнивме а на крај можевме и да победиме. Мислам дека според шансите, заслуживме да победиме со еден гол разлика. Тоа е фудбалот, пред три дена се радувавме на бод со Белгија, која на Велс му даде четири голови вечерва“ изјави покрај другото Костадинов.