Неверојатно: Ги имаат Исак и Ѓокереш во нападот а во квалификациите освоиле само еден бод!

128
ФОТО: Svensk fotboll/FB

Ако Македонија и Косово се најголем хит во квалификациите за пласман на СП 2026, тогаш јасно е дека Шведска е убедливо најголемото разочарување.

Инаку вчера Швеѓаните беа поразени од Косово дома, па така сега се убедливи последни во групата -Б со еден бод, а пред нив се Швајцарија 10, Косово 7 и Словенија 3.

Делува нестварно, посебно ако се зна дека во нападот селекцијата на Шведска ги има Александер Исак и Виктор Ѓокереш, да оваа селекција успеала да постигне само два гола и тоа против Словенија на гости на стартот од квалификациите.

А ова лето овие двајца направија мега – трансфери во Ливерпул и Арсенал, заеднички вредни и повеќе од 210 милиони евра.

Фановите во Шведска се гневни, посебно на овие двајца, кои според нив не го даваат својот максимум во дресот на репрезенацијата.

Инаку покрај Исак (Ливерпул) и Ѓокереш (Арсенал), Шведска од напаѓачите ги има и Руни Барџи (Барселона), Виктор Линделоф (Астон Вила), Антони Еланга (Њукасл), Лукас Бергвал (Тотенхем).

И уште еднаш, неверојатно.

ПретходноЕХФ Европска лига: Вардар со победнички мисли на мегдан со Сесвете!
СледноБраќата Адетокунбо испишуваат историја! (ФОТО)