Македонската фѕдбалска репрезентација до 21. година денеска со почеток од 18:00 часот, на стадионот „Туско“ во Тузи, го игра четвртиот квалификациски дуел од актуелната кампања против домаќинот Црна Гора.
Нашиот национален тим под водство на селекторот Горан Станиќ во оваа кампања има два пораза, и еден триумф остварен пред неколку дена во Битола, против Ерменија со конечни 2:1.
Сега, нашите надежи одат што се вели на втор позитивен резултат во серија, што ќе им даде сосема нов „шмек“ на овие квалификации.
„Секако дека денеска одиме да оствариме добар резултат. Нема дилеми дека по триумфот во Битола против Ерменија, самодовербата во тимот е далеку поголема и дека денеска одиме со сите сили да оствариме позитивен резултат. Подготвени сме, противникот е анализиран, и очекуваме добар натпревар“ – велат од нашиот табор.