Москера ја менува Шпанија со Колумбија

35

Многу често се случува да фудбалерите од светко ниво ги менуваат репрезенаттивните бои. Имаме такви примери многу, да еден играч настапувал за младинските категории на Германија, Франција, Англија, а да потоа ги промени националните бои, и настапува за репрезентацијата од каде што потекнува тој и неговото семејство.

Таков последен пример најверојатно ќе биде играчот на Арсенал, Кристијан Москера. Тој, како што објавува денешен АС најверојатно ќе ја прифати понудата да настапува за Колумбија, иако е роден во Аликанте, Шпанија, и има десетици настапи за младинските селекции на „Фуријата“.

Сепак, нема дебитирано за А репрезентацијата на Шпанија, па Колумвија планира да го искористи тоа.

ПретходноНикој не е совршен: После 30 години брак Викторија откри голема тајна за Дејвид Бекам!
СледноМакедонија У17 се пласира во елитниот дел од квалификациите