Македонската репрезентација до 17. години на квалификацискиот турнир во Струмица, каде што сме домаќини успеа да го освои второто место во групата и на тој начин да се пласира во следната елитна фаза од натпреварувањето.
Благодарение на денешниот триумф над последнопласираниот тим во групата, селекцијата на Гибралтар со резултат 9:0 со што Македонија на табелата заврши втора пред Унгарија која што загуби од лидерот Чешка со огромни исто така 7:1.
Македонија имаше денеска задача да победи со што е можно поголема разлика над аутсајдерот во групата што и се случи, и да чека поволен развој на настаните на другиот дуел од групата. За наша среќа се остварија двете нешта, и младите репрезентативци на Македонија заслужено заминуваат во следната фаза,
Гол серијата на Македонија започна во 23. минута кога погоди Папалиски, а следуваше голот на Бленди Љачка. Михајловски беше следниот стрелец, пред Папалиски да го постигне својот втор гол во финишот на првиот дел.
Во продолжението Цветковски е следен, па Џангаровски од игра па од пенал. Папалиски комплетира хет трик, пред серијата да ја заврши Мамути во деведесеттата минута.