Победничка „фотка“ на Македонија У17: Одиме во „елитни“ квалификации

191

Македонската репрезентација до 17. години го оствари планираниот успех и се пласираше на втората позиција на основниот квалификациски турнир на кој што бевме домаќини во Струмица. Со тоа стана дел од следната фаза која се нарекува елитни квалификации, нешто што во минатото неколку пати ни пошло од рака во различни конкуренции.

На денешниот дуел од третото коло го победивме Гибралтар со 9:0, а ни одговараше и триумфот на Чешка против Унгарија со 7:1.

По триумфот во Турново, македонската експедиција направи „фотка“ за историја што се вели, како спомен за добро одработениот турнир.

 

ПретходноМакедонија У17 се пласира во елитниот дел од квалификациите
СледноЛевандовски се повреди и нема да биде дел од „Ел Класико“