Рајковиќ си “гази“ во Лигата на Шампионите! Победата ја посвети на Панчо!

279
Фото: tofasspor.com

Емил Рајковиќ уште еднаш покажа дека е одличен стратег. Македонецот сезонава ја започна и повеќе од одлично со својот Тофаш. Посебно импресивен е стартот во кошаркарската Лига на Шампионите каде има две победи во првите два меча од ова натпреварување.

Прво Рајковиќ и Тофаш славеа со Бнеи Херцлија, синоќа славеше и против тимот на Трапани со 91:89 и тоа како гостин.

Па така турскиот тим предводен од клупата од Емил Рајковиќ има “два од два“.

Сега Тофаш е на делба на првото место во групата со тимот на Тенерифе.

Да потсетиме дека и во домашниот шампионат Рајковиќ со Тофаш и тоа како има одличен старт.

Инаку Рајковиќ оваа последна победа против Трапани ја посвети на вчера починатиот Владимир Блажев Панчо од ДНК:

“Сакам да ја посветам оваа победа на мојот пријател кој почина денеска, Владимир Блажев Панчо од бендот „ДНК“. Тој секогаш ми беше голема поддршка. Нека му почива душата во мир. Знам дека сега е на подобро место“ изјави Рајковиќ по мечот.

ПретходноЛукаку: Не можеме да го погребаме нашиот татко!
СледноПелистер против Цедевита Јуниор ја стартува европската авантура