Де Јонг: Барселона е местото каде што сакам да бидам (ВИДЕО)

104

Френки Де Јонг прераснува во играч кој на крајот од својот мандат ќе биде еден од странците со најмнпгу настапи во тимот на БАрселона. Затоа што пристигна од Ајакс на Ноу Камп во 2019. година, а денеска и официјално го потпиша својот нов договор со клубот кој што е важечки до 2029 година.

Иако изминатите години, управата се обиде да го продаде, односно да го стави како дел од некаква трампа сепак, холанѓанецот и натаму е дел од Барса, и не само што остана на Ноу Камп потпишува и нов „дил“.

„Како дете, секогаш сонував да играм за Барса“, изјави денес Холанѓанецот. „Сега кога сум тука, сакам да продолжам да го живеам својот сон долго време. Сакам да останам тука што е можно подолго. Се чувствувам добро во градот и со моите соиграчи. Не се чувствувам потценет од луѓето во клубот. Но, секој има право на свое мислење – тоа е убавината на фудбалот“. – изјави Де Јонг на промоцијата на новиот договор.

 

ПретходноГатузо: Ако не се пласираме на Мундијалот, ќе се иселам од Италија
СледноМареска на „ладење“ еден натпревар