ФИФА: На САД и на претседателот Трамп е да одлучат околу градовите домаќини на Мундијалот

50

Претседателот на САД, Доналд Трамп неделава изјави дека многу лесно може да се случи, тој лично да донесе одлука да бидат променети градовите домаќини на претстојниот Мундијал 2026 година на кој што домаќин покрај Мексико и Канада, е и самата Америка.

Причината за ова е наводната небезбедност на поедини градови домаќини, па Трамп смета дека ќе биде добро тие да бидат заменети со некои во кои криминалот е на пониско ниво.

На оваа тема се произнесе и ФИФА, самиот организатор на Мундијалот, на чело со претседателот Џани Инфантино, според кого очигледно се нема ништо против на оваа тема. Поточно, доколку Трамп, и властите во САД одлучат дека треба да има промена, ФИФА околу тоа нема да се меша.

Американскиот претседател, исто така, посочи дека ќе се обиде да ги премести Олимписките игри во 2028 година од Лос Анџелес доколку смета дека градот е небезбеден.

„Безбедноста и сигурноста се највисоки приоритети на сите настани на ФИФА низ целиот свет“, изјави портпаролот на ФИФА.

„Безбедноста и сигурноста се јасна одговорност на владите и тие одлучуваат што е во најдобар интерес на јавната безбедност. Се надеваме дека сите 16 градови домаќини ќе бидат подготвени да бидат успешни домаќини и ќе ги исполнат сите потребни услови“, додаде портпаролот на ФИФА.

ПретходноСинот на Робињо е следното големо нешто од Бразил (ВИДЕО)
СледноШкендија го доби Башкими со 5:1 на контролата во Тетово (ВИДЕО)