Потер е веќе во Шведска, наскоро ја презема репрезентацијата

38

Шведскиот спортски весник „Експресен“ тврди дека Греам Потер е првиот избор на Шведска за нов селектор на репрезентацијата. Според изворот, поранешниот менаџер од Премиер лигата е главен приоритет на Шведска.

Шведската фудбалска федерација веќе започнала разговори со Греам Потер, а се очекува преговорите да започнат наскоро. Греам Потер веќе беше споменуван како можен кандидат за функцијата селектор на репрезентацијата во деновите по отпуштањето на Јон Дал Томасон.

50-годишниот Потер потврди дека во моментов се наоѓа во Шведска каде има куќа.

ПретходноШампионот со осцилации, сепак, дојде до очекувана победа во Кавадарци
СледноШтипјанки со победа над Фит Фан Волеј ја почнаа новата сезона