Новото бековско засилување на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, ќе биде подготвен за гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Англичанецот се повреди на натпреварот против Олимпик Марсеј во септември и имаше сериозни сомнежи дека ќе биде подготвен за големиот судир со клубот од неговиот роден град.
Пред два дена тој и Даниел Карвахал учествуваа на тренингот на Реал Мадрид и веќе преземаат чекори кон враќање во игра. Ова нема да се случи многу брзо, но според „Тајмс“, реалниот план е Англичанецот да биде подготвен на време за натпреварот на „Енфилд“ на 4 ноември.
„Атлетик“ тврди дека медицинскиот персонал на Реал дури има и одредени надежи дека Трент би можел да биде достапен за „Ел Класико“ на 26 октомври.