Никако да се опорави: Палмер ќе биде надвор од терените уште 6 недели!

26

Главната ѕвезда на лондонски Челзи, Кол Палмер ќе отсуствува уште шест недели од фудбалските терени, поради повреда. Ова лично го потврди менаџерот на тимот, Енцо Мареска.

„Погрешив со враќањето на Палмер. За жал, му требаат уште шест недели. Се обидуваме да го заштитиме колку што е можно повеќе. Медицинскиот тим не е магионичар. Се надеваме дека шест недели ќе бидат доволни“, рече Енцо Мареска, истакнувајќи дека на играчот, за среќа, не му е потребна операција.

Англичанецот е надвор од терените од 20 септември поради повреда на препоните.

ПретходноФудбалерите на Реал добија нови автомобили, некои чинат по 200.000 евра
СледноФИФА објави продажба на 1 милион билети за средбите на СП 2026