Продолжуваат импресивните победи и одличната форма на ракометарите на Нант во подготвителниот период.
По освоените турнири ви Шпанија и Португалија, полуфиналистот на Лигата на шампионите од минатата сезона го подигна пехарот и на турнирот во Лимож.
Пред почетокот на новиот шампионат на Франција, четири екипи спарингуваа меѓусебе во убав амбиент и делумно исполнето гледалиште.
Домаќинот Лимож, Монпелје, Нант и Ним играа по два натпревари, а Нант со две победи го освои првото место. Најнапред во полуфиналето Нант беше подобар од Ним со 29:26, а Лимож го изненади Монпелје.
Во финале против Лимож, момците на Алберто Ентрериос извојува победа од 36:26.
Лазаров доби шанси и беше меѓу најзабележителните во двата натпревари. Победите добиваат на тежина, бидејќи Нант настапи без четворица стандардни ракометари,
Француското првенство почнува на 11 септември, а во првото коло Нант гостува кај Сесон Рен.