Шокантни информации пристигнуваат од Србија. Имено Марко Арнаутовиќ, по само шест месеци, си оди од Црвена Звезда. Репрезентативниот напаѓач на Австрија, инаку по потекло Србин, и големо име во европскиот фудбал, во летниот преоден рок потпиша за српскиот шампион за 2,5 милиони евра годишно. Тој требаше да помогне Ц. Звезда да се пласира во Лигата на Шампионите, но не се успеа во тоа па така “црвено – белите“ играат во Лигата на Европа.
Се говори дека јавноста и фановите на Ц.Звезда се незадоволни од тоа што Арнаутовиќ досега прикажал.
Исто така се говори дека тој имач интересна понуда од Белгија, од тимот на Серкл Бриж, па нема да биде изненадување ако во јануари си замине од “Маракана“, а и Ц.Звезда нема да биде премногу разочарана од тој трансфер.