Астон Вила со пресврт до победа кај Тотенхем!

17
ФОТО:Tottenham Hotspur/FB

Тотенхем – Астон Вила 1:2 е исходот од еден од најинтересните мечеви во рамките на 8.коло во Премиер-лигата, кој се одигра попладнево во Лондон. Голема победа на екипата од Бирмингем, посебно ако се знае дека “Спарси“ имаа водство од 1:0 уште од 5.минута кога Бетанкур погоди за еуфорија кај домашните фанови. Набргу Тотенхем погоди и за 2:0, но тој гол беше поништен.

Како што одминуваше времето гостите се повеќе и повеќе ја покажуваа својата сила. Па така прво Роџерс во 37.минута израмни на 1:1, за да во 77.минута Буендија стрелаше за 1:2, за победа и за големи три бода за Астон Вила.

Ова е трета победа сезонава за Вила и втор пораз на Тотенхем.

ПретходноНотингем Форест пикирал двајца Италијанци за нов тренер, едниот веднаш ја одбил понудата!
СледноБолоња рутински до победа на Сардинија, реми во Џенова