Откако денеска Вардар го совлада Новаци со 3:1 во осминафиналето на Купот на Македонија, познати се сите четвртфиналисти. Останува само уште едно место, а за него ќе бијат битка Шкендија и Тиквеш на 19 ноември.
Па така ова е списокот на клубови кои ќе играат во четвртфиналето:
Вардар, кој е и бранител на пехарот, Струга ТЛ, Работнички, Силекс, Шкендија Арачиново, Детонит, Охрид и Шкендија или Тиквеш.
Од ова се гледа дека дури три второлигашки екипи ќе играат во четвртфиналето.
Ждрепката за оваа фаза ќе се одржи следниот месец, а можно е поради немањето доволно слободни термини, 1/4 финалето, кое треба да се игра на 25/26 ноември би се презакажало за пролетниот дел во 2026 година.