ВМФЛ: “Пиратите“ по нова победа, лидерот на гости кај Г. Коњари

149

Денеска од 14 часот се играат сите осум средби од 9.коло во ВМФЛ. Иако нема класично дерби сепак се очекуваат интересни натпревари.

Тимот на Скопје, кој оваа есенска полусезона игра добро, очекува нова победа и нови бодови и тоа на свој терен против Новаци. Сепак “Пиратите“ не смеат да го потценат гостинот со оглед на тоа дека Новаци знае да изненади.

Лидерот Брегалница гостува кај Г. Коњари и се освен убедлива победа на штипските “сини“, секако дека ќе биде изненадување.

Шкендија Арачиново, која исто има 20 бода, само поради послаба гол разлика од Брегалница, е втора, игра дома со Осогово и е голем фаворит за освојување на нови три бода.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за денешното 9.коло во ВМФЛ.

ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Преспа – Тетекс

Охрид – Саса

Скопје – Новаци

Г. Коњари – Брегалница

Детонит – Вардар (Н)

Слога (В) – Кожуф

Беласица – Победа

Шкендија (А) – Осогово

ТАБЕЛА

Брегалница 20, Шкендија (А) 20, Беласица 16, Охрид 15, Скопје 14, Детонит 14, Кожуф 13,Осогово 13, Новаци 13, Саса 10, Вардар (Н) 9, Тетекс 7, Победа 7, Слога (В) 3, Преспа 3, Г. Коњари 3.

ПретходноДенеска стартува новиот одбојкарски шампионат во машка конкуренција
СледноНаполи остана без првиот голман, Мерет има скршеница на стапалото