Единаесет месеци затвор за родителот кој нападна малолетни фудбалери на Брегалница во инцидентот во Штип!

72

Има епилог од инцидентот во Штип кога родител нападна малолетни фудбалери на Брегалница. Напаѓачот денеска доби затворска казна од единаесет месеци.

Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од Кривичниот законик. Тој е осуден на казна затвор од 11 месеци, а пресудата не е правосилна, следи периодот на жалби до Апелациониот суд во Штип.

Инцидентот се случи на игралиштето „Бело брдо“ во Штип на 24 август годинава. Основното јавно обвинителство во Штип веднаш по настанот поведе и итна постапка против 43-годишниот родител за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, кој извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“.

ПретходноМега – дерби под Шара: Вардар од февруари е без пораз, Шкендија од март!
СледноПроблем за Алкалоид, се повреди Урош Борзаш!