Карачиќ: Многу емоции, многу спомени, му благодарам на Бога што бев тука во тоа време

336

Игор Карачиќ има посебно место во срцата на сите навивачи на Вардар. Мина осум години носејќи го „црвено-црниот“ дрес и остави длабока трага во македонскиот клупски ракомет. Дека неговата популарност не заврши со неговото заминување од СКопје, покажа и синоќешниот ракометен хепенинг „Легендите на сцена“, каде Карачиќ повторно се појави пред полната арена „Јане Сандански“ на ревијалниот меч на легендите на македонскиот и европскиот ракомет по повод 20-годишнината на „Спортското радио 90.3 фм“.

„Беше прекрасно. Браво за сите навивачи, за сите играчи што дојдоа. Прекрасно искуство и браво за сите луѓе што продолжуваат да го следат Вардар, што ги следат сите македонски легенди, полни со емоции, многу убави спомени, многу пријателства. Осум години бев во Македонија, толку многу пријателства, толку многу убави спомени стекнав тука. Нормално ќе ми недостига тој период до крајот на животот, но можеме да бидеме среќни што сме родени во тоа време, можеме да бидеме среќни што сме го преживеале сето тоа. Со нашиот Вардар, односно со целата македонска држава, па затоа сум многу благодарен, многу среќен и му благодарам на Бога што бев тука во тоа време. Понекогаш дури и не мора да разберете колку сте оставиле трага на оваа земја и колку луѓе оставиле трага на вас. Понекогаш мислите дека луѓето ќе заборават, дека тоа време поминало, но еве и вечерва, па и улиците на Скопје кога одиме, колку почит добиваме од луѓето, па затоа ми е мило што бев дел од оваа убава, прекрасна приказна во Македонија“, истакна Карачиќ, кој од организаторот и од навивачите доби специјален подарок за сето она што го остави како свој белег во настапите во дресот на Вардар.

ПретходноВареловски: Посакуваме позитивен резултат со новиот тренер
СледноСтруга ТЛ сака експресно да им се врати на победите