Шок во ракометниот македонски свет. Македонскиот репрезентативец и досегашен член на РК Вардар, Филип Талески си заминува од „црвено – црниот“ табор.
Оваа шокантна вест самиот ракометар ја потврди за порталот Mkdhandball, со изјава во која кратко и јасно вели.
„Точно е дека заминувам од Вардар, на мое барање. Имавме состанок, раскинот е договорен, останува да го формализираме“, изјави Талески за Mkdhandball.
Талески се врати во домашниот шампионат, како големо засилување, и како момент кој ќе означи големо враќање на РК Вардар на старите патеки, но очигледно дека од тоа нема да има ништо.
Талески во изјавата исто така демантира дека има веќе договорен трансфер во друг клуб.










