Пелистер и Тиквеш одиграа без голови

108

Во меч во кој ама ниту една ситуација не може да се нарече 100% шанса за гол, и во кој и двата тима слободно може да се каже дека треба да се задоволни со освоениот бод, екипите на Пелистер и Тиквеш вечерва во Битола, на „Петар Милошевски“ одиграа без голови 0:0.

Домаќинот иако имаше императив на победа пред себе со оглед на околностите во кои Пелистер се наоѓа како прволигаш во моментов, тоа ни оддалеку не го заслужи. Напротив, битолчани со ништо на овој меч не покажаа дека се подобри од противникот, не создадоа шанса за гол, не се заканија сериозно ниту еднаш, па аналогно на тоа не ни дојдоа до можност да победат.

Од друга страна Тиквеш, во овој меч влезе со новиот тренер на клупата, Борче Христов. Искусниот стратег дебитираше со бод на клупата на кавадарчани што беше и приоритет реално пред почетокот на истиот.

И двата тима се во долниот дел од табелата. Пелистер има само осум освоени бодови од единаесет одиграни мечеви и е во зоната за испаѓање. Тиквеш нијанса подобар, со поен повеќе и место погоре на табелата.

ПретходноДербито на ПЖФЛ во Пржино без победник, Истатов освои бод против Љуботен
СледноНБА ас им покажа среден прст на судиите, па ја доби втората најголема казна во кариерата