Македонската ракометна репрезентација го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Јапонија во рамките на ЕХФ неделата. Избраниците на Кирил Лазааров славеа со 29-27. Овој натпревар се одигра во салата во Автокоманда, по договор на двајцата тренер беше од затворен карактер.
Вториот меч се игра во сабоата (16 часот) во салата во Куманово и истиот ќе биде отворен за јавноста.
Со оваа ЕХФ недела, селекторот Лазаров ги започна подготовките за Европското првенство 2026 година на кое Македонија ќе игра против Данска, Португалија и Романија во Хернинг.
 
                









