Клајбурн со „тројка“ од речиси пола терен за победа на Барса во Белград

81
фото: KK Partizan Mozzart Bet (X)

Кошаркарите на Партизан беа поразени од Барселона во натпреварот од осмото коло на Евролигата вечерва на домашен терен. Шпанскиот клуб го доби натпреварот во Белградската арена со 78:76.

Човекот на одлуката беше Вил Клајбурн. Крилото на Барселона постигна тројка на 34 секунди до крајот за водство, а поранешниот најдобар стрелец на Евролигата погоди шут од речиси половина терен.

Потоа Стерлинг Браун промаши напад за Партизан, по што гостите успеаја да ја задржат предноста за победа.

Двејн Вашингтон постигна 21 поен за Партизан, Тајрик Џонс имаше 15. За Барса, Шенгелија беше најефикасен со 24 поени, а Вил Клајбурн заврши со 14.

Басконија вечерва дома славеше над Анадолу ефес со 86:75, Олимпијакос беше подобар од Хапоел со 62:58, додека Монако на домашен терен беше подобар од Панатинаикос со 92:84.

ПретходноГираси го прекина постот со гол за победа на Борусија (Д)
СледноХески: Ако Салах не даде гол, тоа е исто како да играте со играч помалку