Јанта Волеј вечерва против Волеро пред нов предизвик во Лигата на шампионите

43
фото: CEV.eu

Одбојкарскиот шампион на Македонија во женска конкуренција, екипата на Јанта Волеј попладнево во СЦ „Јане Сандански“ испишува уште една нова страница од својата клупска историја. Девојките кои направија историја со минувањето на едно коло од квалификациите во најсилното европско клупско натпреварување, сега пред себе имаат вистински евро-ривал од калибарот на ова натпреварување – француски Волеро.

Без разлика на големата фаворитска улога на противникот, Јанта Волеј најави дека ќе се обиде да ја искористи секоја шанса, особено онаа на домашниот терен вечерва, очекувајќи голема поддршка од трибините.

„Подготвени сме за предизвикот, иако како и за првите натпревари, така и сега остануваме скромни во изјавите и очекувањата. Волеро е многу поквалитетен противник од Гацко, со многу интернационалки во составот, но тоа е и клуб кој доаѓа од многу поквалитетно првенство, а има и долга традиција во настапите на европската сцена, за разлика од нас. Потребна ќе ни биде комплетно нова стратегија во играта. Ние ги анализиравме, но немаме комплетно јасна слика за нив, многу работи ќе бидат познати по првиот меч утре. Фокусирани сме на нашата игра, најважно ќе биде девојките да одиграат најдобро што можат, да го дадат максимумот, па ако освоиме сет-два или ако стигнеме до нешто повеќе, се е тоа во наш прилог“ – изјави пред денешниотмеч, Никола Јаневиќ, тренерот на Јанта Волеј.

Натпреварот започнува во 18 часот, а влезот во салата ќе биде слободен. Судии на натпреварот ќе бидат Милонакис од Грција и Поповиќ од Србија.

ПретходноМВП настап: Блескав старт на Шошкиќ во НЦАА лигата
СледноИмери: Работнички сака да сврти нов лист, победа е императив против Тиквеш