МРК Куманово се засили со десен бек од Бразил

49
фото: МРК Куманово (FB)

Бразилецот Габриел Гуедеш од денеска е ново засилување на ракометниот клуб Куманово. Како што објавија од клубот, Бразилецот треба да ја пополни празнината на десната бековска позиција.

Станува збор за ракометар висок 186 сантиметри. Договорот со МРК Куманово ќе биде на една година, со опција за продолжување и за следната сезона.

Гуедеш ќе има право за настап веќе на утрешниот меч против ГРК Тиквеш кој ќе се одигра во спортската сала во Куманово со почеток од 20 часот.

ПретходноВМФЛ: Шкендија (А) како лидер го пречекува Кожуф, Скопје посакува бодови против Преспа
СледноСтоилов и Бојку очекуваат еден поинаков меч меѓу Македонија ЃП и Струга ТЛ за разлика од оној во купот