После една недела пауза поради ЕХФ-неделата посветена на репрезентациите денеска продолжуваат мечевите од Супер-лигата. На програмата е 10. коло во домашниот шампионат. Единствените два тима кои немаат пораз, Вардар 1961 и Алкалоид ќе се обидат да продолжат во ист ритам.
Вардар 1961 е гостин на Пролет, најтрофејниот ракометен тим има девет победи во исто толку меча и се наоѓа на врвот на табелата, со оглед на тоа дека е голем фаворит, очекувањата се дека ќе дојде до 10-тата победа.
Алкалоид пак има осум победи и две ремија. Тимот на Кирил Лазаров е домаќин на Струга во Автокоманда. И тука не би требало да има дилеми околу крајниот исход, иако во составот на актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп нема да биде Борзаш, кој ќе биде надвор од терените два месеци.










