Македонскиот репрезентативец, Марко Митев после долго време се врати на терените. Митев е во составот на Алкалоид на денешниот дуел против Струга, кој се игра во салата во Автокоманда.
Митев се повреди на квалификацискиот дуел против Словенија за пласман на ЕП 2026.
Кам-бекот на Митев е добра вест и за Македонија, која во јануари ќе игра на Европско првенство во Данска.










