Централниот настан вечерва во рамките од четвртото коло од Лигата на Шампионите се случуваше во Ливерпул каде што домаќинот го пречека Реал Мадрид, и воедно го совлада со минимални 1:0.
Клучниот момент на мечот се случи во 61. минута кога МекКалистер погоди за водство, што подоцна се покажа дека е и единствениот гол на овој меч.
Реал од друга страна не покажа дека заслужи да си замине со позитива вечерва од Англија. Напротив. Најдобар поединец во гостинскиот табор вечерва беше голманот Тибо Куртоа кој што спаси четири-пет зицер ситуации како во првиот дел, така и во продолжението.
Од друга страна пак, тимот на Баерн Минхен на гостински терен во Париз, го совлада актуелниот бранител на титулата ПСЖ со 1:2. Луиз Диаз двоен стрелец уште во првиот дел, а потоа доби директен црвен картон.
Домашните се вратија резултатски во игра преку Невес во 74. минута но немаа сила за да стигнат барем до реми.
Резултати:
Атлетико Мадрид – Ројал Унион 3:1
Бодо Глимт – Монако 0:1
Јувентус – Спортинг 1:1
Ливерпул – Реал Мадрид 1:0
Олимпијакос – ПСВ 1:1
ПСЖ – Баерн Минхен 1:2
Тотенхем – Копенхаген 4:0










