Вардар по голема драма го доби дербито во Битола (ФОТО+ВИДЕО)

245

Екипата на Вардар го доби вечното дерби против Пелистер во Битола. Во прекрасна атмосфера и декор, во кој имаше од се по нешто, и домашна и гостинска публика, вечерен термин и прекрасно време а фудбал, Вардар успеа со 1:2 да го совлада домаќинот и да покаже зошто во моментов е тоа што е. Лидер на домашната фудбалска прволигашка сцена. Пелистер имаше желба, сила па веројатно и капацитет денеска да дојде до поволен резултат, но тоа сепак не се случи. Бравурата на Мато и пеналот врз Данев кој го реализираше Закариќ беа премногу за тимот кој што има многу што да направи сезонава за да спие мирно.

Првиот дел од мечот може да се окарактеризира како здодевен, затоа што реално немаше ниту еден директен удар кон протнивничкиот гол на ниту една страна.

Вардаровите корнери и прекини не донесоа никаков ефект освен воиграни комбинации без конкретна завршница.

Од друга страна домаќинот добро позициониран во дефанзива ориентиран на контра напади преку кои не успеа да се закани, пред се затоа што не погоди ниту еден завршен пас.

Мато во вистински момент

На стартот на вториот дел, односно во 54. Минута од мечот, Вардар дојде до предност. Грешката на домаќинот во непосредна близина на линијата од шеснесетникот на Пелистер, ја искористува Роџерс Мато, кој што се намести и биеше неодбранливо во долниот десен голманов агол.

Домаќинот во следните минути дезиорентиран, погреши многу додавања, но Вардар тоа не го искористи, напротив.

Спировски шутира, Петковски на вистинското место

Во 60. Минута израмнување на огромно задоволство на домашната публика. Пелистер беше во напад но дефанзивата на Вардар беше добро поставена. Сепак, искусниот Стефан Спировски пронајде простор да шутира и тоа го направи одлично. Биеше, полу високо, но Талески брани несигурно и одбива во поле. Токму да му „асистира“ на осамениот Петар Петковски кој погодува за 1:1. По проверката од ВАР, за евентуален офсајд голот беше официјално признат.

Данев изнуди пенал, Закариќ реализира за 1:2

Клучниот момент во второто полувреме се случи во 80. Минута кога Данев изби по таа негова десна страна, влезе во шеснаесетникот, имаше старт врз него, кој што од главниот судија беше окарактеризиран како пенал. Домашните бурно реагираа, но и по ВАР проверката одлуката остана. Одговорноста ја презема Горан Закариќ кој што во меѓувреме влезе во игра. Шутираше прецизно, и иако Јовчевски ја прочита страната сепак, ударот на Закариќ беше пресилен.

 

 

ПретходноПознат распоредот за Евроволеј 2026: Македонија против Бугарија во Софија го отвора Европското!
СледноВардарци со „Комити“ ја прославија победата во Битола (ВИДЕО)