Талески: Не разговарам со Кузмановски! Некои личности кога ќе ми направат лошо – само ги пречкртувам!

589

Филип Талески пред една недела потврди дека во иднина нема да го гледаме во дресот на Вардар 1961. Македонскиот репрезентативец си замина од редовите на „црвено-црните“ на негово барање, а причинат за сега не е позната, единствено што е сигурно е дека клубот не ги исполнил неговите очекувања.

Талески беше гостин во емисијата „Вистина или не“ на Канал 77, а таму зборуваше за Филип Кузмановски со кого долго време не зборува, како и за Македонија, поточно за Кирил Лазаров, но и за неговите идни планови, во нив нема место за Пелистер.

За Кузмановски кажа дека не зборува со него зошто му направил лошо, а што е тоа кажа дека одговорот го знае популарниот Фитиљ.

„Не разговарам со Филип Кузмановски. Тоа е заради некоја историја. Јас немам никаков проблем со никого и никогаш на никого не сакам лошо да му направам, но некои личности кога ќе направат лошо, само ги пречкртувам и се тргам од нив. Тој мене ми има направено лошо, а за да дознаете која е причината, треба да го прашате него“.

Талески во овој момент потенцира дека нема респект ниту кон селекторот, Кирил Лазаров за кого вели дека нема да го поздрави на улица доколку го сретне.

„Не, нема. Душата би ја дал да играм за Македонија, ама некој друг одлучува зошто не играм и зошто е тоа така“.

ПретходноГвардиола за Ливерпул: Нема смисла да се зборува колку се добри, играњето против нив е задоволство
СледноСепак не е самобендисан: Роналдо му се восхитува на Ѓоковиќ