Одамна е познато дека инфраструктурата во Италија, онаа фудбалската е катастрога.Не е тајна дека од сите стадиони во ТОП 5 лигите, оние во Серија А се во убедливо најлоша состојба. Уште полошо, повеќето од нив не се во сопственост на клубовите, туку на локалните самоуправи.
Иако шампион, Наполи, исто така, не може да се пофали дека нивниот објект е во добра состојба. Всушност, тој е многу подобар отколку што беше пред 20 години, кога клубот беше на работ на банкрот, но повторно, не доволно за стадионот „Диего Армандо Марадона“ да биде кандидат за домаќин на финалниот натпревар од европско натпреварување.
Аурелио Де Лаурентис е исто така свесен за ова. Претседателот на Наполи зборуваше на бизнис форум во Милано и во таа прилика имаше интересни, можеби дури и тешки коментари.
„Нашиот стадион е депонија. Погледнете го, на пример, ПСЖ. Тие плаќаат иста сума за својот стадион како Наполи, во однос на одржувањето, но имаат ексклузивно право да го користат и да заработат 100.000.000 евра. Ние можеме да го користиме нашиот три дена во неделата – пред, за време и по настанот. “Марадона“ е стар објект, со атлетска патека што ги вознемирува гледачите. Сè е оддалечено, но од друга страна, имаме проблем со италијанските власти“ истакна тој и направи споредба со Милано.
“Погледнете го нашиот стадион во периодот од 1959 до 1990 година. Тоа е местото на падот на клубот. Ако сега почневме да го реновираме, ќе траеше шест години. Ќе игравме на лош стадион каде што се работи. Интер и Милан од Сан Сиро заработуваат 14.000.000 евра по ноќ, ние кај Марадона вкупно 3.000.000. И потоа некој ме замолува да платам за сите тие 50.000.000 или 60.000.000 евра за играч да се натпреварува со најдобрите“.










