Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра против Италијанецот Лоренцо Мусети во финалето на АТП турнирот во Атина за 101-та титула во кариерата.
Мечот меѓу Новак и Мусети е закажан за 16 часот.
Најдобриот тенисер на сите времиња има освоено точно 100 трофеи во својата богата кариера, од кои најзначајни се секако 24 гренд слем трофеи и олимпиското злато во Париз минатата година.
Се очекува по завршувањето на финалето, во кое неговиот ривал ќе биде деветти на АТП листата, Ѓоковиќ официјално да објави дали ќе игра на претстојниот завршен Мастерс во сезоната, кој започнува во недела во Торино.
Ѓоковиќ и Мусети досега се соочиле девет пати, српскиот тенисер победил на осум, додека Италијанецот само на еден.










