Роб Едвардс ќе биде новиот менаџер на Вулверхемптон

27

Сегашниот менаџер на тимот на Мидлзброу кој што е дел од Чемпионшип дивизијата во Англија, Роб Едвардс ќе биде новиот кормилар на тимот на Вулверхемптон.

Тимот кој што има огромни проблеми на стартот на сезоната, го отпушти Витор Переира по изминатото одиграно коло, а еве сега се одлучува да го доведе Едвардс како негова замена.

Оваа информација е потврдена од страна на клубот Мидлзброу, кој ја објасни ситуацијата, дека му дозволува на Едвардс да го напушти тимот иако има актуелен договор.

 

ПретходноИма ли спас за Работнички!? Можеби, но не со овие кои го уништија
СледноНема голови во Италија попладнево