Пелистер доминантно против Куманово

43

Пелистер без проблем дојде до деветата победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Куманово со 45-20 во меч од 11 коло.

Актуелниот македонски првак овој дуел го реши во првото полувреме во кое постигна 20 гола, а прими само осум. До првото двоцифрена предност битолчани дојдоа во 21 минута со голот на Атанасијевиќ. На другата страна Куманово беше немоќен во секој сегмент на играта.

Пелистер сега ќе чека исход од утрешниот дуел меѓу Вардар 1961 и Алкалоид, за евентален скок на второто место на табелата, кое во овој момент им припаѓа на момците на Кирил Лазаров.

Кузмановски и Петар Атанасијевиќ со по седум погодоци беа лидери кај Пелистер, Цековски и Стојков имаа по четири погодоци.

ПретходноЖРК Ѓорче Петров е близу до елиминација во Купот на ЕХФ
СледноЦЕВ со историска промена: На Европско во иднина ќе се оди од Европската лига!