Во сенка на големото дерби ова коло во ПЛ меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, попладнево од 15 часот се одиграа четири меча во рамките на 11.коло.
Астон Вила убедливо, со 4:0 славеше против Борнмут. Стрелци на головите беа Буендиа, Онана, Баркли и Мален. Да кажеме дека гостите на 2:0 не успеаја да реализираат пенал преку Семењо.
Њукасл поведе со 0:1 кај Брентфорд со голот на Барнс во 27.минута, но на крајот доживеа убедлив пораз со 3:1. Стрелци на головите за домашниот состав за целосен пресврт беа Шаде и два на Тиаго од кој еден од пенал.
Кристал Палас и Брајтон одиграа без голови, додека Нотингем Форест пред своите фанови славеше против Лидс со 3:1 и тоа со головите на Сангаре, Гибс-Вајт и Андерсон, додека единствениот гол за гостите беше дело на Нмеча, и тоа за 0:1.










