Вардар 1961 го доби скопското дерби со Алкалоид и остана перфектен (ФОТО+ВИДЕО)

127

Дербито на 11. коло во Супер-лигата му припадна на Вардар 1961, кој славеше против Алкалоид со 34-28 (17-17) и остана перфектен. „Црвено-црните“ имаат 11 победи во исто толку одиграни мечеви и се лидери на табелата. На другата страна за Алкалоид ова е прв пораз сезонава, има осум победи и две ремија.

Клучниот момент се случи после 45-та минута, Вардар 1961 со серија од 5-0 успеа да дојде на плус седум (32-25), период во кој гостите не се снајдоа во нападот. Во овие моменти во серија на одбрани влезе и Васил Гогов, кој запиша 11 одбрани.

Прво полувреме мина изедначно, одбраните не беа на ниво. Вардар 1961 го отвори мечот со голот на Хориха, Серафимов со вториот гол во 5-тата минута го донесе првото водство за Алкалоид (2-3). Младиот тим на Лазаров влезе во серија на грешки, па искусниот домаќин казни и поведе со 7-5. Галевски со две одбрани спречи разликата да биде поголема. Во меѓувреме, Кизиќ застана на местото на Галевски. На стартот на 20-та минута, Алкалоид со голот на Стојковиќ успеа да израмни на 10-10. Костески и Серафимов во 22-та минута го донесоа второто водство на мечот (11-12). Галевски одбрани седмерец, но неговите соиграчи беа со играч помалку, па Тузолана искористи да ја врати минималната позитива (13-12). Тордарсон од контра донесе 15-16. Вардар повторно дојде на плус еден, но Марко Митев на одморот донесе 17-17.


Тордарсон погодоци за 17-18 на стартот на вториот дел. Благодарение на голманот Гогов и расположените Боно и Мировиќ, Вардар 1961 со голот на Хориха ја врати предноста од два гола 23-21 во 39-та минута. На средина на овој период, Алкалоид не успеа да израмни, па нешто подоцна следеше казна, Вардар со голот на Јанковски во 46-та минута за првпат поведе со плус три (27-24).

Во меѓувреме Алкалоид остана со играч помалку, не успеа да се снајде во нападот, Гогов влезе во серија, па противникот дојде на плус седум (32-25) на стартот на 53-та минута. Ваквите грешки на младите на ракометари на Алкалоид кои се спротиставија одлично, против еден европски состав беа недозволиви. Искуството на „црвено-црните“ беше пресудно.

Хориха со девет гола беше прв стрелец кај победникот, Боно и Малус имаа по пет гола. На другата страна Серафимов беше стрелец на девет гола, четири гола имаа Костески и Стојковиќ.

ПретходноРома го совлада Удинезе и го зазема врвот во Серија А
СледноЈакимовски повторно двоцифрен, Тренто загуби дома