УЕФА ќе отвори сектори за гостински навивачи на клупските натпревари под капата на УЕФА од следната недела. На навивачите ќе им биде дозволено да патуваат на натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, во согласност со националните ограничувања и протоколите за патување.
УЕФА ја донесе одлуката под притисок на навивачите кои бараа да се намалат ограничувањата и да им се дозволи да присуствуваат на натпреварите на гости кај своите тимови во европските натпреварувања. Според изворот, забраната за гостински сектори ќе биде укината од следната недела.