КФСМ ги објави двете најдобри петорки – во нив има само еден македонски кошаркар!

71

Колото броој 6, на оној индивидуален план го одбележи одличниот настап на играчот на Работнички, Џејкоб Хатсон, „трилингот“ на Феникс 2010, кој беше најзаслужен за победата на гостински терен во Кавадарци.

КФСМ ги објави двете најдобри петорки за оваа рунда, а во нив има само еден македонски кошаркар, тоа е Стојан Ѓуроски од Работнички. Истите се според учинокот и секако шансата која ја добиваат нашите играчи пред странците, кои царуваат во Македонија.

ЏЕЈКОБ ХАТСОН (РАБОТНИЧКИ)

Откако доби шанса да заигра за „црвено-белите“ од „Градски парк“, игра стандардно добро, и е еден од оние најзаслужните што Работнички „врза“ четири победи по ред. Во последната, против Чаир 2030, Американецот дојде до високи бројки.

За 38:24 минути на теренот, имаше двоен ефект, реализираше 31.поен (шут од поле 9/12) и беспрекорни (13/13) од линијата за слободни фрлања. Освен тоа оствари и 13. скока (четири во фазата на нападот), но додаде и четири блокади, една асистенција, за рекордни, за него, 46. индексни поени, најмногу во овој шестти круг од натпреварите во МТЕЛ Супер лигата.

ДЕКАРИУС НИКОЛАС (КОЖУВ)

Беше најрасположен играч на Кожув во моментите кога работите не одеа како што треба. Заедно со Пурвис го врати тимот од Гевгелија во игра, да направи комплетен пресврт, по големата негатива која ја имаа во третата четвртина.

За жал, негова и на гевгеличани, останаа без краен успех, ефектот од 29.поени (1/6 за три, 11/13 за два и 4/5 за еден поен), 13. скока (три скока во нападот), две асистенции, три освоени топки, две загубени за 37:57 минути во игра, што е еднакво на индекс-36.

ДАШОН ДАЈСОН (ФЕНИКС 2010)

Одлично, пред се, второ полувреме имаа играчите на Феникс 2010 на гостувањето во Кавадарци, кое на крајот го крунисаа со особено важен триумф.

Остана на теренот скоро сите 40.минути во кои дојде до учинок изразен со 23.поени (4/4 за три, 5/9 за два и 1/1 за еден), седум асистенции, шест сскока, четири совоени и три загубени топки, односно 34 индексни поени.

ЛУАЛ РАХАМА (ФЕНИКС 2010)

Слични играчки перформанси прикажа и неговиот соиграч на крилната позиција. За 36:14 минути, постигна 23.поени (8/13 во обидите за два поени и 7/7 за еден), шест скока, три асистенции, две блокади, две освоени и три загубени топки, односно 27 индексни поени.

БИЗМАРК НИАХ (ФЕНИКС 2010)

Доби доверба, односно минутажа, одигра скоро 36.минути во Кавадарци. Притоа стигна до ефект од 19.поени (со шут од игра, 7/10) и максимални (5/5) од линијата за слободни фрлања. Но имаше и осум скока, две додавања, три освоени, исто толку загубени топки, и една блокада, што беше доволно за индекс-27.

ПРВА ПЕТОРКА

Џејкоб Хатсон (Работнички)

Декариус Николас (Кожув)

Дашон Дајсон (Феникс 2010)

Луал Рахама (Феникс 2010)

Бизмарк Ниах (Феникс 2010)

ВТОРА ПЕТОРКА

Џајлин Билингсли (Чаир 2030)

Кристијан Лафајет (Маџари)

Чарлс Гил (МЗТ Скопје Аеродром)

Албин Рушити (Чаир 2030)

Стојан Ѓуроски (Работнички)

Претходно„Дожд“ од голови во Тетово и Кратово
СледноСерафимов: Одиме по добар натпревар против Летонија, па на најважниот меч во овие квалификации