Елиф Елмас со вкупни 200 настапи за Наполи

69

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Елиф Елмас слави јубилеј. Забележа 200 настапи за тимот на Наполи при што постигна 19 гола и додаде единаесет асистенции.

Овој подвиг Елмас секако го оствари во два наврати, затоа што како што добро знаеме, од Наполи направи трансфер во Ред Бул Лајпциг за да по кратко време повторно се врати во Неапол.

Нормално, вредно е за споменување дека Елмас во својот мандат во Наполи ја освои шампионската титула во Серија А.

 

ПретходноФлик: Секогаш е убаво да се победи пред паузата
СледноВолфсбург остана без тренер